Херојот на Хрватска: Во 55. минута не знаев како ќе се извлечеме, се молев само…

Хрватска во драматичен натпревар во 1/4 финалето на Светското првенство во ракомет, во Загреб славеше над Унгарија со 31-30, со гол во последната секунда, и се пласираше во полуфиналето.

Хрватите на пет минути пред крајот имаа голема негатива, но успеаја да стигнат, и во последната секунда Марин Шипиќ за постигне гол, и да ја однесе селекцијата меѓу најдобрите четири репрезентации.

„Не знам дали сум воопшто свсен. Во оној момент, во 55. минута не знаев како ќе се извлечеме. Се молев само да не примиме гол. Лудило. Премногу емоции. Ова ни значи премногу. Испивме многу апчиња против болки, можеби 200 апчиња за да можеме да излеземе на овој меќ. Некој игра со кривење, некој со скинат лист“, рече Шипиќ, а потоа ја објасни ситуацијата за голот:

„Не знам како го дадов. Знаев само дека имам многу малку време и дека морам што побрзо да шутирам. Фала му на Бога што влезе. Сакавме само на Дувњак да му овозможиме што повеќе натпревари и успеавме во тоа“, вели Шипиќ.

Се вчитува...