Судењето на Светското првенство 2025 во Хрватска предизвика и тоа како бурни реакции во европскиот ракометен свет.
Бројни селекции искажаа незадоволство од начинот на кој беше делена правдата на Мундијалот досега, а не е тајна дека и тоа како низ „судиски срамен“ натпревар мина и Македонија, која според стручната ракометна јавност, и тоа како беше оштетена на натпреварот против Холандија во првата фаза од првенството.
„Бура“ предизвика и делењето на правдата на натпреварот меѓу Хрватска и Словенија, преку кој Хрватите обезбедија четврфинале, па околу сето тоа се огласи и најистакнатиот словенечки коментатор Иво Миловановиќ кој вели дека „ИХФ преку судиите крадат и манипулираат со резултати за разни намени последниве години“.
„Однапред се знаеше дека Хрватска ќе победи на тој меч против Словенија на кој мораше да му се подари четвртфинале на домаќинот. Однапред знаев дека Словенија нема да победи или дека не треба да победи затоа што ИХФ, заедно со Хрватската федерација, ги контролираа судиите кои правеа проблеми, крадеа и манипулираа со резултати за разни намени во последните 15 години“ – коментира Миловановиќ, кој повеќе од 50 години го следи ракометот и добро е запознаен со сите случувања во светската ракометна игра.
„На вакви израмнети натпревари, какви што имаше повеќе на ова првенство а беа контролирани резултатски од судиите, и 20 технички грешки се апсолутно премногу за врвен тим, а со таква игра не можеш да победиш квалитетни противници“ – дополнува Миловановиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

