Гостивар со „два во кец“ го победи Сараево (ВИДЕО)

Фудбалерите на Гостивар триумфираа со 2-1 против Сараево на пријателскиот натпревар.

Тимот од БиХ прв поведе на натпреварот со погодокот на Мустафиќ уште во 6. минута од средбата.

Но, потоа во второто полувреме следеше целосен пресврт. Најпрво Мбенде во 54. минута израмни на 1-1.

А, потоа веќе во 57. минута Марко Симоновски стрелаше за конечни 2-1.

Се вчитува...