ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Победи на Брера и Тиквеш, Такахара стрелец за Пелистер

Фудбалерите на АП Брера триумфираа со 0-2 на гостувањето против Брегалница на пријателскиот натпревар кој денеска се одигра на Градскиот стадион во Штип.

Струмичани беа подобар тим на теренот, сосема заслужено доаѓајќи до победата.

Тиквеш славеше убедлива победа против второлигашот Вардар Неготино со 4-0. Стрелци на головите за Тиквеш во првото полувреме беа Спиркоски во 20. минута и Михаљевиќ во 44. минута. Во вториот дел погодија и Миловановиќ во 66. минута и Мишов во 88. минута за конечни 4-0.

Пелистер, пак, на дуелот кој се одигра на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид загуби од српскиот Земун со 3-1. Стрелец на единствениот гол за Пелистер беше Јапонецот Такахара.

Шкендија Арачиново триумфираше против прилепска Победа со 3-1. Стрелци на головите за победа на Шкендија беше Александар Ѓорѓиевски, Христијан Димов и Руфат Чилафи.

Се вчитува...