Крај на сагата: Дејвис официјално продолжи со Баерн Минхен

Долго време Реал Мадрид се обидуваше да го донесе во своите редови левиот бек на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис. Меѓутоа од денеска стана јасно дека овој трансфер нема да се оствари, со оглед дека Канаѓанецот стави потпис на новиот договор, кој е со важност до 2030 година.

„Кралевите“ сакаа да го земат уште оваа зима, со оглед дека неговиот договор истекуваше на крајот на сезоната, но самиот фудбалер изрази желба да продолжи во Минхен.

„Алфонсо е со нас од својата 18-та година, и веднаш се навикна на нашиот клуб. Тој е дел од нашата иднина, и врз чија основа го градиме тимот“, изјави спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл.

Се вчитува...