Уве Генсхајмер со проштален меч официјално се збогуваше од ракометот

Легендарниот германски ракометар Уве Генсхајмер и официјално се збогуваше од ракометот, со проштален меч помеѓу Рајн Некар Левен и тим одбран од него.

На крајот тимот на Уве победи со 38-36, а во неговиот тим играа ѕвезди како Волф, Апелгрин, Сигурдсон, Рајхман, Вајнхолд, Винчек, Пекелер, Хефнер…

Мечот се одигра во Манхајм пред 13.200 гледачи.

Генсхајмер во својата кариера настапуваше само во Рајн Некар и во ПСЖ. За Германија одигра 204 натпревари. Тој ја објави својата пензија уште во мај минатата година, но сега и официјално го одигра последниот меч во ракометот.

Се вчитува...