Илија Темелковски е жив и здрав во својот дом. Тоа е последната информација поврзана со легендарниот македонски ракометен стратег, откако попладнево се појави информација дека поранешниот селектор починал на 71-годишна возраст.
„Информацијата која беше проследена во јавност преку медиумите дека ракометниот спортски работник г-дин Иле Темелковски е починат, податокот не е точен. Ве известуваме дека канцеларијата на РФМ стапи во контакт со семејството на Темелковски и г-дин Иле Темелковски и ги замолуваме медиумите да ги корегираат своите објави“, објави Ракометната Федерација на Македонија, неколку минути откако куќата на ракометот се збогуваше од поранешниот селектор.
Редакцијата на ЕКИПА се обиде да стигне до вистината уште при првата вест, доби дури и потврда од релевантни извори дека Темелковски е починат, но на крајот излезе дека и тој извор бил сосема погрешно информиран, односно наседнал на лажната вест за искусниот стратег.
ЕКИПА.мк длабоко се извинува на Илија Темелковски и неговите најблиски за претходната објава…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

