Медин Бајрами ја засили одбраната на Работнички

Стоперот Медин Бајрами ќе биде засилување за одбраната на Работнички во пролетниот дел од сезоната. Последен клуб на Бајрами му беше Воска Спорт, и сега се сели во еден од нкандидатите за титулата во Првата лига низ втората полусезона.

Бајрами голем дел од својата кариера мина и во Словенија. Беше во Кршко, Илирија, младинскиот тим и сениорскиот на Марибор, Драва, па потоа во Беласица, од каде преку Ренова, замина во косовска Малишева, и потоа во Воска Спорт.

Бајрами е поранешен репрезентативец на помладите категории, односно на селекциите до 18 и 19 години, но само на пријателски натпревари.

Се вчитува...