Шкендија добро се држеше, на крајот претрпе минимален пораз од Динамо Киев

Шкендија денеска во Анталија ги одмери силите со украинскиот гигант Динамо Киев, и загуби минимално со 2-3.

Тетовскиот тим се држеше добро се до 12 минути пред крајот имаше „егал“, но потоа прими два брзи гола, и го загуби мечот.

Јармоленко во 38. минута од средбата го донесе украинскиот тим во предност. Дјачук си постигна автогол за 1-1. Ванат во 78. минута донесе 2-1 за Динамо, а потоа истиот играч и во 85. минута донесе 3-1.

И кога се чинеше дека победата е обезбедена, „драма“ во финишот донесе Флорент Рамадани кој стрелаше во 87. минута, но тетовскиот тим немаше сили да избегне пораз.

Се вчитува...