Екипата на Шкупи со минимален пораз од 1-0 од казахстанскиот тим Кајсар, ги заврши подготовките во Ангалија. Единствениот гол на мечот беше постигнат уште во раната фаза од натпреварот. И покрај многуте напори да го избегне поразот, сепак, тимот на Ердем Алпарслан не успеа да дојде до израмнување.
Шкупи одигра четири пријателски меча во Анталија, во кои запиша две победи и два порази. Ги победи Септември Софија со 2-1 и Вереш Ривне ос Украина со 4-2, а беше поразен од Полонија од Полска 2-0 и Кајсар.
Шкупи во сабота се враќа во Скопје каде ќе ги продолжи подготовките за вториот дел од сезоната. Шкупи ја отвора пролетната полуетапа со дуел против Работнички на Чаир на 16. февруари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

