Матијас Гидсел, 25-годишниот дански репрезентативец кој ја освои МВП наградата на Светското првенство го продолжи договорот со германскиот тим Фуксе Берлин до 2029 година. Првенствено неговиот договор важеше до 2028 година, но по добрите настапи на светскиот шампионат, бундеслигашот се одлучи да ги подобри условите.
Гидсел игра извонредно и на клупско ниво. Минатата сезона постави нов првенствен рекорд со 260 голови од поле, а во моментот е лидер со 131 постигнат гол на само 16 одиграни натпревари.
„Многу сум среќен што го потпишав новиот договор. Имам голема самодоверба во проектот. Чувствувам како Фуксе ќе продолжи да се развива како клуб, но и јас како играч тука. Затоа го продолжив договорт. Во последните години покажавме одлично ниво и на добар пат сме да го освоиме првиот германски шампионат“, изјави Гидсел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

