Ракометарот Никола Лазиќ кој ги покриваше позициите лев и среден бек почина на 35-годишна возраст.
„Ракометниот клуб Партизан упатува последен поздрав до својот поранешен играч Никола Лазиќ. Веста за неговата прерана смрт не изненади и не потресе, разбудувајќи ги спомените од деновите кога како 18-годишник го облече црно-белиот дрес. Клубот изразува најдлабоко сочувство до семејството и неговите најблиски“, е пораката на црно-белиот тим на Инстаграм.
Лазиќ настапуваше и за Црвена звезда која исто така преку истата мрежа се прости од него.
Во Србија играше за Зајерчар и Динамо Панчево, а пред почетокот на минатата сезона потпиша за Уб, по што настапуваше и за Пролетер од Зрењанин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

