Сигурдсон откри како стана селектор на Хрватска

Хрватскиот селектор Дагур Сигурдсон се врати на Исланд една недела откако го освои среброто на Светското првенство.

Исланѓанецот стана првиот странски селектор на Хрватска во 2024 година, а по неуспехот на Олимписките игри, освои медал на второто големо натпреварување.

Ракометниот сојуз на Исланд се најде на удар на критики по елиминацијата на репрезентацијата во второто коло на Светското првенство, вклучително и пропуштањето на можноста да потпише со Сигурдсон. Тој беше блиску до преземање на исландскиот тим во 2023 година, откако ја предводеше Јапонија, но федерацијата во последен момент се одлучи за Снори Гудјонсон.

„Тоа е минато за мене. Останувам на тоа и мислам дека сите можат да се согласат дека методите на работа не беа добри, но тоа што не ме избраа за селектор е сосема во ред. Претходно ми понудија да ја превземам исландската ракометна репрезентација, а потоа реков „не“, па нормално е да изберат друг. Но, вие сепак се јавувате два дена подоцна и велите „Слушај, ќе одиме на другата страна. Во тој момент постигнав успех со Јапонија и ми требаше нова страст. Знаев дека ако бидам дел од репрезентацијата на Исланд, ќе гризам и ќе се дадам со целото мое срце. Не ми беше грижа дали ќе станам тренер или помошник тренер. Само сакав да се приклучам на тимот. Потоа добив понуда од Хрватска, која исто така го исполнува тој услов. Затоа бев апсолутно сигурен дека ја сакам таа работа“, откри Сигурдсон.

Се вчитува...