Брера се засили со поранешен младински репрезентативец на Мали (ФОТО)

Струмичкиот прволигаш Брера се засили на десната крилна позиција за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Нов фудбалер на Брера е 24-годишниот интернационалец од Мали, Хаџи Драме.

Драме, кј бил дел и од младинските селекциите на Мали до 19 и 20 години, изминативе неколку години својата кариера ја гради во европски фудбалски клубови.

Во Европа доаѓа во натпреварувачката 2019/2020 во естонскиот Паиде од каде се сели во грузискиот Дила Гори. Во Брера доаѓа од ерменскиот тим Вест Ерменија каде во есенскиот дел имаше 17 настапи со две асистенции и два гола.

Брера се засили и со поранешниот репрезентативец на селекцијата до 19 години на БиХ, Драган Билбија.

Се вчитува...