Шкупи не успеа да ја тргне забраната и не ги регистрираше новите засилувања

Екипата на Шкупи со голем дел од играчите со кои настапуваше во есенскиот дел, и со неколку фудбалери од младинскиот погон, ќе игра во пролетниот дел од сезоната. Причината е тоа што чаирската екипа не успеа да ја тргне забраната за трансфери.

Тие се огласија со соопштение во кои наведуваат дека и со овие играчи, тимот ќе ги постигне целите.

„Шкупи сака да ги информира навивачите и пошираката јавност, дека поради бирократски пречки, не успеавме да го деблокираме трансфер пазарот на клубот, и покрај отплатата на сите долгови. Како резултат на тоа, клубот нема да може да ги регистрира играчите на кои им пристапил во овој период. Сепак, со сегашниот тим и фондот на играчи што ги имаме во нашите редови, надополнувајќи ги и играчите кои неодамна беа донесени од академијата, уверени сме дека ќе ги постигнеме нашите главни цели за пролетниот дел од сезоната“, стои во соопштението.

Шкупи зимава се раздели од Артан Иљази, Дабрис Тамба, Кумеми Канда и Бесар Гуџуфи. Али Адем требаше да биде ново име, како и Бељуљ Елмазоски,  Умит Шахин, Јавуз Ајгун, Емир Јазичи и Џезаир Авдули. Но, ниту еден од нив нема да може да биде дел од чаирскиот тим за вториот дел од сезоната.

Се вчитува...