Јувентус победи, но Мота има два нови проблеми

Јувентус по голема борба успеа да стигне до цел плен на гостувањето против Калјари, но трите бода донесе и скапа цена откако двајца фудбалери на „старата дама“ заработија повреди.

Камбијасо неодамна се врати по повредата, но италијанскиот репрезентативец се пожали на повреда на мускулот и мораше да биде заменет во 73. минута од натпреварот. Даглас Луиз влезе во игра на местото на Копмајнерс, но Бразилецот издржа на теренот само девет минути, жалејќи се на повреда на скочниот зглоб и мораше да биде заменет со Мбангула.

Двајцата фудбалери се најнови членови на долгата листа повредени играчи на која веќе се наоѓаат Веига, Савона, Калулу, Бремер и Сардинија.

Јувентус веќе в среда го очекува нов предизвик, дуел со Емполи во рамките од Купот на Италија.

Се вчитува...