Селекторот на Словенија, Урош Зорман, денеска го објави списокот на ракометари на чии услуги ќе смета за претстојниот двомеч од квалификациите за ЕП 2026 против селекцијата на Македонија.
Словенците на 12 март ќе гостуваат во Скопје, а за четири дена подоцна е закажан дуелот меѓу истите ривали во Копер. Оваа селекција има максимални две победи од стартот на квалификациите, но Зорман не тактизира и повика исклучително силен состав предводен од Јанц и Влах.
На списокот го нема искусниот Доленец, како и Мачковшек и Новак, но и повредените Цехте и Овничек, кои настрадаа за време на СП 2025.
Шанса да блесне во репрезентативниот дрес ќе добие Домен Тајник, кој беше повикан од страна на селекторот по добрите игри во дресот на Е. Пелистер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

