Шкендија веќе со +5 бода на врвот пред конкурентите, Силекс го расипа дебито на Ѓорѓиоски на клупата на Струга ТЛ (ВИДЕО)

Силекс триумфираше убедливо со 3-1 против Струга ТЛ во дербито на 21. коло од Првата македонска фудбалска лига. Убедливи победи забележаа и Воска Спорт и Шкупи, а значаен триумф за зголемување на предноста на врвот запиша и Шкендија со 1-0 против Тиквеш

Силекс го расипа дебито на новиот шеф на стручен штаб на Струга ТЛ, Илчо Ѓорѓиоски, победувајќи убедливо со стружани.

Кратовци поведоа уште во 10. минута со погодокот на босанскиот интернационалец Хрвановиќ…

А, веќе во 22. минута од средбата домашните дојдоа и до 2-0 со погодокот на Гамбиецот Осман Маронг.

Но, Струга ТЛ по мајсторски извежбана акција успеа да ја намали предноста на Силекс со голот на Илиевски во 40. минута.

Сепак, во второто полувреме уште во 49. минута убава акција на тимот на Александар Васоски, која ја заокружи со гол Алиќ за конечни 3-1.

Шкендија го победи Тиквеш во Тетово, со 1-0, но сосема доволно за дополнително зголемена предност на врвот пред конкурентите за титула.

Црвено-црните до победата дојдоа со мајсторијата на Нигериецот Алхасан во 35. минута од средбата. По корнерот од десната страна, Алхасан извонредно во стилот на расен стрелец со пета ја зафати топката и ефектно ја смести во мрежата на гостите.

Екипата на Воска спорт, пак, убедливо со 3-1 славеше против АП Брера. Уште не ни загреани фудбалерите на двете екипи, охриѓани поведоа уште „од соблекувална“ веќе во 5. минута со голот на офанзивецот Виноградац.

Во второто полувреме, најпрво Осеи во 54. минута зголеми на 2-0, а Адеми во 67. минута и на 3-0. На крај АП Брера успеа само да го ублажи поразот за конечни 3-1.

Шкупи со 3-1 го победи Пелистер. Домашните поведоа благодарение на голот на Ибиши во 44. минута од средбата.

Во второто полувреме, Ибиши и по вторпат стрелаше за 2-0 во 69. минута а Ајетовиќ во 75. минута заокружи на 3-0.

„Пелистерци“ единствено во четвртата минута од судиското продолжение со голот од пенал на Ивановски успеаја да го ублажат поразот за конечни 3-1.

Без голови заврши единствено дуелот на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари меѓу Гостивар и Работнички.

ПРВА ЛИГА – 21. КОЛО
Тетово: ШКЕНДИЈА – TИКВЕШ 1-0
Алхасан 35′
Кратово: СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ 3-1
Хрвановиќ 10′, Маронг 22′, Алиќ 49′ – Илиевски 35′
Скопје: ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ 0-0
Охрид: ВОСКА – АП БРЕРА 3-1
Виноградац 5′, Осеи 54′, Адеми 67′ – Ндзенгуе 86′
Скопје: ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР 3-1
Ибиши 44′, 69′, Ајетовиќ 75′ – Ивановски 44′(п)
ВЧЕРА:
Скопје: ВАРДАР – БЕСА 0-0

Се вчитува...