Струга ТЛ во период од само 15 минути со дури три постигнати гола и приреди вистински шок на Шкендија во дербито на 22. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Стружани со два гола на Сава Радиќ и еден на Марјан Радески веќе имаат предност од 3-0 која дефинитивно ги води до победа.
Најпрво Радиќ во 51. минута од непосредна близина стрелаше за водство од 1-0.
А, веќе во 63. минута одличен погодок постигна и поранешниот репрезентативец Марјан Радески за предност и од 2-0.
Во 68. минута, по корнерот од левата страна на Стефан Спировски, Сава Радиќ со глава биеше од десеттина метри и за 3-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

