Со денешните средби беше комплетиран и вториот круг од натпреварувањето од ПМФЛ, што заврши со Шкендија на лидерското место, пред Силекс на „минус два“ и Гостивар на „минус три“ во однос на тетовци.
ФФМ попладнево согласно завршниот пласман по два круга го објави и целосниот распоред од натпреварувањето за третиот круг и завршните 11 кола кои ќе го дадат новиот шампион на Македонија. Лидерот Шкендија во наредната рунда ќе ја има фаворитската улога на домашен терен со Пелистер, додека второпласираниот Силекс ќе биде домаќин на Вардар.
Вообичаено согласно распоредот, во последното коло водечкиот по вториот круг, во случајов Шкендија, ќе го пречека второпласираниот тим (Силекс).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

