Најверните навивачи на Вардар, преку соопштение реагираат, како што велат, дека „управата на клубот не сака во недела во Кратово да има навивачи на Вардар!“.
„Црвено-црните“ во недела против Силекс ги очекува првиот натпревар од третиот круг во домашниот шампонат, а „Комитите“ информираат дека до кратовци не е поднесена пријава за присуство на гостински навивачи како што беше тоа случај на претходните натпревари со дозволено присуство на гостински фанови.
СООПШТЕНИЕТО ОД „КОМИТИ“ ВИ ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ:
Управата на клубот не сака во недела во Кратово да има навивачи на Вардар!
Во таа насока, не беше поднесена пријава за присуство на гостински навивачи, чин кој доволно говори за нивниот страв од целата црвено-црна јавност, во која не спаѓаат веќе само ,,Комити”, туку и сите Вардарци. Оваа одлука е директен удар кон сите нас, кон се она што претставува клубот Вардар, кој во својата историја не помни полошо време и поголема безидејност!
оради оваа одлука организираниот превоз се откажува. Меѓутоа…
Силата на вардаровите навивачи, со вакви обиди ја тестирале и порано и никој досега не истерал со нас до крај. Овој клуб е наш и никој ниту успеал, ниту ќе успее, на било каков начин да не одалечи од него!
Во недела МАСОВНО ВО КРАТОВО!
Организирајте се со коли, ѕвонете секому!
Утре ќе се знае од каде се трга, што и како. До тогаш – екипите нека бидат собрани!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

