Интересно моменти ни донесоа петте натпревари од Првата македонска фудбалска лига кои се одиграа денеска.
Работнички успеа да стигне до голема победа на домашен терен против Беса од 1-0. Клучниот момент во мечот се случи во 55. минута кога Рушевиќ стрелаше од пенал.
Лидерот на табелата Шкендија славеше со 2-1 на домашен терен против АП Брера. Стрелец на головите за домаќините беше Бесарт Ибраими во 9. и 61. минута.
Воска приреди вистинска сензација откако славеше на гостувањето кај Гостивар со 0-2. Стрелци на головите за гостите беа Виноградац во 30. и Осеи во 83. минута.
Во Кратово Силекс и Тиквеш одиграа без победник 1-1. Гостите поведоа со 0-1 со голот на Мишов во 31. минута, додека домаќините израмнија на 1-1. Без победник заврши и мечот меѓу Струга ТЛ и Шкупи (0-0).
ПРВА ЛИГА – 25. КОЛО
Тетово: ШКЕНДИЈА – АП БРЕРА 2-1
Ибраими 9′, 61′ – Ндзенгуе 54′ (п)
Кратово: СИЛЕКС – ТИКВЕШ 1-1
Додев 35′ – Mишов 31′
Скопје: ГОСТИВАР – ВОСКА СПОРТ 0-2
Виноградац 30′, Осеи 83′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – БЕСА 1-0
Рушевиќ 55′ (п)
Струга: СТРУГА ТЛ – ШКУПИ 0-0
ПРЕТХОДНО
Битола: ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР 1-3
Керим 10′ – Закариќ 20′(п), Мато 75′, 82′
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА