ТРЕТИ ЛИГИ: Прекинат мечот Тетекс – Влазними, Шкендија Арачиново и Слога Виница чекорат кон Втора лига

Стартуваа пролетните натпревари во Третите фудбалски лиги на Македонија, кои се одиграни пред да се случи трагедијата во дискотеката во Кочани и кои продолжија по седумдневната жалост.

Трета лига –југ 14 коло:
Венец Долни Дисан – Влазними Јуниор 4-0
Големо Коњаре-Питу Гули Крушево 2-0
СлогаЛажани – Дреново 2-0
Превалец-Бучим 4-1
Младост Кривогаштани -Ултрас Прилеп 7-1
15 коло:
Ултрас-Бучим 1-1
Башкими Г.Јаболчиште – Младост 1-0
Дреново-Венец 1-5
Питу Гули-Слога 1-1
Големо Коњаре-Превалец 1-1
16 коло:
Слога-Големо Коњаре 1-4
Венец-Питу Гули 1-0
Росоман-Влазними Пресил  3-2
Бучим-Башкими 1-1
Превалец-Ултрас 9-0
На табелата води Големо Коњаре со 35 пред Башкими со 32 бода.

*Пред пролетниот старт екипите на Марена и Обршани се откажаа од лигата поради немање на финансиски средства

Трета лига-север: 15 коло:
Башкими Љубанце – Фортуна Сингелиќ  1-1
Ринија Љубинци – Беса Слупчане 5-4
Еуромилк -Ржаничани 1-2
Пчиња Старо Негоричани  – Њу Старс  Скопје  7-1
Куманово -Аеродром 2-1
Шкендија Арачиново – Беса 1-0
Кадино – Академија Илинден 5-0
14 коло:
Шкендија – Башкими 9-0
Аеродром – Пчиња 1-1
БВК Коњаре – Куманово 1-1
Њу Старс – Кадино 2-1
Академија Илинден – Еуромилк 2-0
Ржаничино-Ринија 3-0
Беса-фортуна 4-3
На табелата води Шкендија со 43 бода пред Фортуна со 31

Трета лига-исток: 10 коло:
Хоризонт Турново – Дојранско Езеро 2-2
Ударник Пирава – Карбинци 1-4
Светлост – Овче Поле 2-0
Слога /Виница/- Малеш 8:0
Брегалница Делчево-Тиверија 3-2
На табелата води Слога со 27 пред Брегалница со 17 бода.

Трета лига-југозапад 11 коло:
Демир Хисар-Кораби 1-1
Кравари -Евротип Битола 1-1
Влазними-Караорман 1-2
Света Тројца Охрид-Сатеска 1-1
Славеј Мешеишта-Велешта јунајтед 3-0
Преспа-Светлост Кукуречани неодиграно
На табелата бодат Преспа и Кораби со 28 бода. Светлост /Кукуречани/ се откажа од натамошните натпревари. Седиштето на лигата е префрлено во Битола.

Трета лига-запад 14 коло:
Дрита Боговиње-Камењане 0-1
Тетекс- Влазними Кичево 3-0 службено
Доброште-Ренова 3-6
Вардар Брвеница -Љуботен 9-0
Зајас-Влазрими Слатино 5-1
Џепчиште-Речица 3-1
На табелата води Тетекс со 35 пред Влазними со 31 бод.
Мечот Тетекс-Влазними беше прекинат во второто полувреме кога гостите од Кичево го нападнаа судијата Младеновски од Скопје. 

М.М.

Се вчитува...