Македонскиот фудбалски прволигаш Шкендија излезе со свој став околу денешниот инцидент пред почетокот на нивниот дуел против АП Брера.
Навивачите на клубот пееја националистички песни во моментот кога беше едноминутното молчење за жртвите од Кочани.
Во продолжение во целост ви го пренесуваме соопштението на Шкендија:
„Шкендија со целосна одговорност ја следи и почитува секоја институционална одлука поврзана со чувствителните моменти за општеството. Како клуб, длабоко ја доживеавме трагедијата што се случи во Кочани, настан кој ја шокираше целата земја и емоционално влијаеше на нашиот секојдневен живот. Ова чувство беше присутно на секој тренинг во овие денови, а се одрази и на натпреварот против АП Брера, каде и покрај победата од 2-1 и одржувањето на првото место на табелата, тимот не ја доживеа вообичаената радост по натпреварот.
Во овој контекст, Шкендија ја почитува минутата молчење што Фудбалската федерација на Македонија ја воспостави во чест на жртвите. Сепак, во овој момент, група поединци на трибините избраа да не го почитуваат молкот, однесување кое не го претставува ниту клубот ниту навивачката база во целина. „Балистите“, кои вообичаено стојат на трибината на „Маршин Беќири“ зад голот, овојпат беа сместени на централната трибина. На стадионот имаше околу 3-4.000 гледачи, додека само група од околу 20 поединци покажаа неодговорно однесување, што не ги претставува чувствата, солидарноста и почитта на мнозинството присутни навивачи.
„Балистите“ се 12. играч на клубот и отсекогаш биле нераскинлив дел од Шкендија, но неодговорното однесување на одредена група поединци не го отсликува ставот на навивачката група која моментално е во процес на реорганизација, ниту на останатата јавност која во тој момент реагираше со свирежи за изразување на незадоволството.
Шкендија изразува жалење за ваквата состојба и го повторува својот непоколеблив став во почит кон изгубените животи и болката низ која поминува целото општество“, стои во соопштението на тетовскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА