Само еден гол по првото полувреме на петте денешни натпревари од 26. коло во Првата македонска фудбалска лига кои се играат по врнежливо време, а под снег на дуелот во Гостивар меѓу Беса и Гостивар.
Екипата на Воска Спорт единствена има предност од 1-0 по првите 45 минути.
Охриѓани на домашен терен брзо го изненадија фаворитот, екипата на Силекс поведувајќи уште во 13. минута од средбата. Беше досуден пенал за Воска, кој успешно го реализираше Адеми…
На дуелот меѓу Беса и Гостивар, гостите имаа можност да дојдат до погодок и водство во 37. минута, но Гостивар не успеа да реализира удар од белата точка на дуелот кој се игра под снежни врнежи.
ПМФЛ, 26. КОЛО (прво полувреме)
Струмица: АП БРЕРА – ВАРДАР 0-0
Гостивар: БЕСА – ГОСТИВАР 0-0
Скопје, Чаир: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 0-0
Кавадарци: ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА 0-0
Охрид: ВОСКА СПОРТ – СИЛЕКС 1-0
Адеми 13′(п)
ВЧЕРА
Струга: СТРУГА ТЛ – ПЕЛИСТЕР 4-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА