Со денешното 38. коло заврши и сезоната во англиската Премиерлига.
Веќе од поодамна беше познато дека шампионскат титула сезонава оди за Ливерпул, а тоа што се одлучуваше попладнево беа местата за настап во Лигата на шампионите следната сезона.
Покрај шампионот Ливерпул, во ЛШ следнета сезона ќе играат и Арсенал, Челси, Манчестер Сити и Њукасл, додека Астон Вила остана без место во елитното натпреварување откако денеска загуби на гостувањето против Манчестер јунајтед со 2-0, во меч кој апсолутно ништо не значеше за „црвените ѓаволи“. Астон Вила со поразот сама се исфрли од ЛШ.
Па, Астон Вила ќе игра во Лигата на Европа, додека Нотингем Форест ќе биде дел од Конференциската лига на УЕФА.
Лестер, Ипсвич и Саутемптон испаднаа од Премиерлигата.
ПРЕМИЕРЛИГА – 38. КОЛО
Борнмут – Лестер 2-0 (0-0)
Фулам – Манчестер Сити 0-2 (0-1)
Ипсвич – Вест Хем 1-3 (0-1)
Ливерпул – Кристал Палас 1-1 (0-1)
Манчестер Јунајтед – Астон Вила 2-0 (0-0)
Њукасл – Евертон 0-1 (0-0)
Нотингем Форест – Челзи 0-1 (0-0)
Саутемптон – Арсенал 1-2 (0-1)
Тотенхем – Брајтон 1-4 (1-0)
Вулверхемптон – Брентфорд 1-1 (0-1)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

