Саутемптон го официјализираше новиот тренер

По катастрофалната сезона во Премиерлигата и испаѓањето во Чемпионшип, Саутемптон назначи нов менаџер. Со месеци беше познато дека Ивица Јуриќ ќе го напушти клубот на крајот на сезоната.

Нов менаџер на „светците“ е Вил Стил, кој досега рабоеше во Белгија и Франција, а сега доаѓа во Англија. Лични причини биле главна причина за негово разделување со Ленс.

„Со нетрпение очекувам да започнам со работа ова лето, важно е да почнеме да градиме блискост во групата со која сите ќе се гордееме. Се надевам дека ќе се вратиме таму каде што припаѓаме, во Премиерлигата“, изјави Стил.

Се вчитува...