Првиот список на Анчелоти како селектор на Бразил: Кариоките без Нејмар и Родриго

Карло Анчелоти седна на клупата на фудбалската репрезентација на Бразил, а на денешната прес-конфереција го обелодени и составот за јунските квалификациски мечеви за пласман на СП 2026 година.

Репрезентацијата на Бразил во овој прозорец ќе игра против Еквадор и Парагвај, а во составот ги нема Нејмар, но и Родриго.

Нејмар долго време не е во натпреварувачка форма, но изненадување е што во тимот не се најде пуленот на Анчелоти од Реал Мадрид, Родриго.

Се вчитува...