Невиден преседан во Португалија: Бенфика ја избрка репрезентацијата од својот стадион

Екипата на Бенфика и забрани на португалската репрезентација во иднина да игра на нивниот стадион „Луж“. Овој потег од страна на клубот доаѓа по одиграното финале на Купот, каде што Бенфика се жалеше на судењето во мечот кој го доби Спортинг со 3-1 со пресврт.

Претходно „орлите“ го освоија второто место на табелата во португалскиот шампионат, со два бодови помалку од Спортинг.

„По сериозните настани од последните кола во португалскиот шампионат и финалето на Купот, кои целосно ја нарушија спортската правда и директно влијаеа на правото на индректно учество во Лигата на шампионите, Бенфика презеде серија мерки. Поднесување жалба против судискиот тим и ВАР системот. Жалба против играчите Реис и Араухо поради агресивни дејствија против Андреа Белоти. Бараме веднаш да се објават аудио снимките од разговорите на судиите со ВАР. Суепнзија на учество во работните групи за централизација на ТВ права и итен апел до владата за барање на итен состанок. Воедно, ја известуваме португалската фудбалска федерација дека додека не се обезбеди фер конкуренција, стадионот на Бенфика нема да биде на располагање за натпревари на националниот тим“, стои во соопштението на Бенфика.

Се вчитува...