Ајакс во Ливерпул го пронајде новиот тренер, откако клупата остана испразнета откако Франческо Фариоли си поднесе оставка по драматичното губење на титулата во последните неколку кола во Холандија.
Нов тренер на клубот од Амстердам ќе биде асистентот на Слот, легендарниот Џон Хејтинга. Хејтинга нема искуство со работење како тренер на сениорска екипа. Тој веќе беше во Ајакс како тренер на младите категории на клубот, а кратко беше в.д. тренер, односно го водеше тимот на крајот на сезоната 2022/23. Потоа замина да биде аситент во Вест Хем, а во јули 2024 година стана асистент во Ливерпул на Арне Слот кој ја презеде функцијата од легендарниот Јирген Клоп.
Хејтинг поголемиот дел од кариерата го мина во Ајакс, најпрво во младите категории, а потоа и во сениорите во кои играше од 2001 до 2008. Потоа беше дел од Алтетико Мадрид, Евертон, Фулам, Херта пред повторно да се врати во Ајакс во 2015 година, а година подоцна ја заврши кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

