Карлос Вела ја заврши кариерата

Напаѓачот наЛос Анџелес ФК Карлос Вела објави дека ја завршува кариерата. Поранешниот мексикански репрезентативец играше професионален фудбал 19 години, носејќи ги дресовите на Арсенал, Селта, Саламанка, Осасуна, Вест Бромвич и Реал Сосиедад, пред заминувањето за САД.

Вела го држи рекордот по бројот на постигнати голови во една сезона во МЛС (34). Тој стана шампион со Лос Анџелес во 2022 година, кога беше избран и за играч на сезоната.

„Помагањето во издигнувањето на Лос Анџелес и освојувањето трофеи со клубот е врвот на мојата кариера. Горд сум на сè што постигнавме заедно. Овој клуб значи многу за мене и моето семејство. Воодушевен сум што следниот чекор во моето фудбалско патување ќе биде во Лос Анџелес“, рече Вела , кој ќе стане глобален амбасадор на тимот.

Вела одигра 72 меча за Мексико, и постигна 19 голови. Играше на две Светски првенства, а двапати триумфираше на „Голд Купот“, собирот на најдобрите селекции од Северна Америка.

Се вчитува...