Ал Наср денеска организира прес-конференција на која се очекува спортскиот директор Фернандо Иеро и официјално да објави разделба со португалскиот репрезентативец Крстијано Роналдо, кој по двеипол години ја завршува авантурата во овој клуб.
Поголемиот дел светски медиуми, пренесуваат дека и покрај разделбата со Ал Наср, Роналдо останува во Саудиска Арабија, но ќе се пресели во тимот на Ал Хилал и со него ќе учествува на претстојното Светско клупско првенство.
Роналдо одигра 105 натпревари за Ал Насар и постигна 93 гола, но епизодата за него е неуспешна затоа што на тимот не му донесе ниту еден трофеј во овој период. Ал Хилал, пак, минатата година ја освои и шампионската титула.
Пред два дена, како што е познато, и самиот Кристијано Роналдо објави порака на социјалните мрежи во која кажа дека поглавјето во Ал Наср за него е завршено.
„Ова поглавје е завршено. Приказната? Сè уште се пишува. Благодарен сум за се”, напиша Роналдо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

