Раководството на Челзи одлучи да се обиде да го задржи Џејдон Санчо во своите редови, но само под одредени услови, објавија локалните медиуми. „Стемфорд Бриџ“ ќе започне преговори со играчот, но сакаат тој да се вклопи во структурите на плати на клубот.
Ова нема да биде толку лесна задача, бидејќи крилниот напаѓач заработува импресивни 350.000 фунти неделно и има уште една година од договорот со „Црвените ѓаволи“. За споредба, ѕвездата на „сините“, Кол Палмер, заработува 130 илјади фунти за седум дена. Санчо дојде на „Олд Трафорд“ во летото 2021 година за 73 милиони фунти од Борусија Дортмунд, но никогаш не ги оправда вложените пари во него.
Одделно, „сините“ ќе мора да платат 25 милиони фунти за да ги откупат правата на играчот на Манчестер Јунајтед , од каде што пристигна на позајмица кај Лондончани минатото лето. Доколку Челзи одбие да ја плати откупната клаузула, која е задолжителна, ќе мора да плати казна од пет милиони фунти.
Санчо беше еден од стрелците во финалето во Лигата на конференции против Бетис во победата од 4-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

