Нејмар сакаше да ја глуми „божјата рака“ на Марадона, па си доби црвен картон (ВИДЕО)

Најголемата ѕвезда на бразилски Сантош, Нејмар, не се прослави многу во новиот пораз на тимот од Ботафого со 0-1.

При резултат 0-0, во 76. минута од средбата Нејмар се обиде да го глуми Диего Армандо Марадона и неговата „божја рака“, па се одлучи со рака да ја забие топката во мрежата. Но, тоа секако не можеше да се сокрие пред главниот судија кој му додели втор жолт картон и исклучување на натпреварот.

Па, по црвениот картон на Нејмар, Сантош со играч помалку не успеа да издржи и во 86. минута прими гол за победа на гостите.

За Нејмар ова беше негово 16-то исклучување во кариерата…

Се вчитува...