Симоне Инзаги по шест години поминати на клупата на Интер ова лето би можел да ја промени средината и да се пресели во Саудиска Арабија каде за негов ангажман постои голем интерес од Ал Хилал кој верува дека ќе го убеди 49-годишниот стратег за преселба.
Инзаги по разочарувачката сезона во која неговиот тим беше блиску до „триплета“, но остана со празни раце допрва треба да се сретне со раководството на Интер и да донесе одлука за иднината. Со оглед на тоа што на италијанскиот клуб му е потребно подмладување во составот не се исклучува можноста истото да биде остварено со нов тренер.
А, пак во такво сценарио прв на листата на желби на Интер е Цеск Фабрегас, шпанската легенда која по крајот на играчката кариера се пресели во тренерските води и со успех го предводи Комо. Фабрегас во последниот месец ги одби Баер Леверкузен и Рома, но Шпанецот дефинитивно гледа на преселбата на клупата на актуелниот вицешампион на Европа како на огромен предизвик, па е подготвен за преселба на „Џузепе Меаца“.
Преселбата на Фабрегас во Милано сепак нема да зависи само од неговата желба, туку ќе биде потребно да добие и „зелено светло“ од страна на раководството на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

