Шок за Германецот: Тер Штеген ќе ја „грее клупата“ на Барселона идната сезона?

Се поизвесен е ангажманот на голманот Хоан Гарсија од Еспањол во Барселона. Новиот шпански првак ќе го решава долгорочно прашањето околу голманската позиција со ангажман на овој чувар на мрежата, но тоа може да претставува шокантна информација за Марк-Андре Тер Штеген, сегашниот прв голман и капитен на славниот каталонски тим.

Како што јавуваат медиумите во Шпанија, Барселона ќе го ангажира Гарсија и ќе му го исполни барањето да биде прв голман идната сезона. Тоа значи дека за Тер Штеген ќе нема место во каталонскиот тим. Иако се погласни беа шпекулациите дека Германецот ќе си замине од Барселона, сепак, тој ги отфрли тие информации како неточни и кажа дека останува во Барселона што и да се случи.

Тер Штеген ја пропушти целата мината сезона поради тешка повреда, а се врати во финишот на шампионатот, но доби шанса само на одредени натпревари. Ангажманот на Гарсија ќе значи дека Барселона и дефинитивно ќе се ослободи и од Ињаки Пења, кому договорот му истекува на крајот на идната сезона.

Се вчитува...