Перишиќ веќе го има договорено новиот клуб!?

Иван Перишиќ зад себе има одлична сезона во дресот на ПСВ, со кој ја освои титулата шампион на Холандија. Неговиот договор истекува ова лето и технички е слободен фудбалери, при што во моментов не е познато дали ќе помине уште една сезона во ПСВ или ќе бара нова работа.

Но, според холандските медиуми хрватскиот фудбалер би можел да ја продолжи кариерата во француски Марсеј.

Марсеј сезонава се избори за настап во Лигата на шампионите и планира дополнително да го зајакне офанзивниот кадар. Сериозен „симптом“ за неговиот трансфер е фактот што Перишиќ го „заследил“ и официјалниот профил на Марсеј на својот официјален профил на Инстаграм. Целата работа добива на тежина ако се земе во предвид дека Перишиќ ги следи само клубовите во кои играл на социјалните мрежи, со исклучок на Барселона.

Со оглед на игрите на Перишиќ и значајната улога што ја одигра во одбраната на холандското првенство на ПСВ, клубот од Ајндховен ќе направи сè за да го задржи во своите редови барем уште една година, но нема сомнение дека Перишиќ сè уште привлекува внимание на пазарот.

Се вчитува...