Лионел Меси ќе игра за клуб од Саудиска Арабија

Светските медиуми пренесуваат дека вратата на саудиската професионална лига е ширум отворена за Лионел Меси.

Саудискиот фонд за јавни инвестиции, наводно, повторно ги отворил преговорите со Лионел Меси со цел да го доведе во Саудиската про лига.

За потсетување двете страни имаа неколкумесечни преговори во 2023 година, но тогаш Меси сепак се одлучи за МЛС и Интер Мајами. Сега започнаа усните разговори како вовед, бидејќи договорот на Меси истекува на крајот на оваа година и тој веќе може да потпише договор со кој било клуб како слободен играч на 1 јули.

Во Саудиска Арабија се прави се за да се заживее ривалството меѓу Лео Меси и Кристијано Роналдо, кој сега е се поблиску до останување во Ал Наср.

Извор близок до Меси вели дека тој останува целосно фокусиран на неговите должности во Интер Мајами, но дека контактите меѓу страните се остварени и двете страни ќе ги истражуваат опциите во наредните недели. Сè уште ништо не е постигнато, но вратата на Саудиска Арабија е ширум отворена за најдобриот фудбалер на сите времиња.

Се вчитува...