Фернандеш: Лесно можеше да преминам во Ал Хилал

Сагата околу трансферот на Бруно Фернандеш во Ал Хилал и официјално заврши.

Португалскиот играч за врска нема да го напушти Манчестер Јунајтед и ќе остане на „Олд трафорд“ и покрај исклучително профитабилната понуда од Ал Хилал. Не помогна ниту директниот контакт на претседателот на саудискиот клуб со Фернандеш, кој одлуката ја донесе на убедување на Рубен Аморим.

Конечно, најдобриот фудбалер на „црвените ѓаволи“ минатата сезона проговори за неговото заминување.

„Преселбата во Ал Хилал би ми била лесна, дури и кога се работи за семејството. Таму го имам Жоао Кансело. Но сепак сакам да останам на највисоко ниво. Сакам да продолжам да играм во големите натпреварувања и чувствувам дека се уште можам да го направам тоа“, изјави Фернандеш.

Се вчитува...