Зелено светло: Керкез е пред портите на „Енфилд роуд“

Ливерпул е еден од најактивните клубови на почетокот од овој преоден рок, „црвените“ веќе го потпишаа Фримпонг, во завршна фаза е и рекордниот трансфер на Флоријан Вирц од Баер Леверкузен, а паралелно со тоа се финишираат преговорите за да се исполни уште една желба на Арне Слот.

Холандскиот стратег бараше нов лев бек, инсистирајќи на Милош Керкез од Борнмут, е управата на Ливерпул практично го договори овој трансфер. Преговорите меѓу клубовите беа интензивирани во изминатите 48 часа, „црвените“ се согласија да платат вкупно 40 милиони фунти, колку што Борнмут бараше за унгарскиот репрезентативец.

Керкез уште пред неколку седмици ги договори личните услови за петгодишен договор, па се очекува до крајот на оваа седмица Унгарецот и официјално да го потпише договорот со актуелниот првак на Англија.

Ливерпул на позицијата лев бек веќе ги има Робертсон и Цимикас, па останува да се види кој од овие двајца фудбалери ќе си замине од „Енфилд“ по доаѓањето на Керкез.

Се вчитува...