Невреме во Минхен, поради силен град ќе доцни дуелот Германија – Португалија

Поради невреме, дуелот помеѓу Германија и Португалија во рамките од полуфиналето во Лигата на Нации ќе доцни. Првично е најавено дека ќе почне во 21:10 часот.

Фудбалерите излегоа на загревање, но потоа почнаа грмотевици и силен дожд и град, по што играчите се упатија кон соблекувалните и не го довршија загревањето. Останува да се види дали ќе почне во сега новиот термин, или поради лошото време ќе има дополнително одложување.

Се вчитува...