Италијанскиот тренер Симоне Инзаги е новиот тренер на саудискиот Ал-Хилал, и официјално промовиран како нов предводник на тимот, и тоа само неколку дена по тешкиот пораз со Интер од Пари Сен Жермен во финалето на Лигата на шампионите.
Инзаги доби двегодишен договор од Ал-Хилал, според кој ќе заработува 13 милиони евра по сезона.
Беше на клупата на „нераѕурите“ четири сезони, предводејќи го тимот до финалето од Лигата на шампионите двапати, и двата пати доживувајќи порази (Сити и ПСЖ), но му донесе на клубот трофеј во Серија А и два трофеи од Купот и Суперкупот на Италија.
Негов наследник на клупата на тимот од Милано најверојатно ќе биде Сеск Фабрегас.
From 𝐒𝐞𝐫𝐢𝐞 𝐀 to the 𝐒𝐚𝐮𝐝𝐢 𝐋𝐞𝐚𝐠𝐮𝐞 🇮🇹 ➡ 🇸🇦 pic.twitter.com/lBGBpCwOPf
— AlHilal Saudi Club (@Alhilal_EN) June 4, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

