Солзи радосници: Узбекистан слави пласман на СП 2026

Огромна беше радоста кај фудбалерите на Узбекистан откако оваа репрезентација успеа да обезбеди билет за СП 2026, што ќе биде прво учество на оваа азиска селекција на еден фудбалски мундијал.

Узбекистанците вечерва ремизираа 0-0 против ОАЕ, со што на едно коло до крајот го осигураа второто место во групата што им носи мундијалска виза.

Узбекистан беше дел од СССР до 1991 година, кога стана независна република. Оваа држава има над 37 милиони жители, не излегува на море, а главен град е Ташкент, со население од над три милиони жители.

Се вчитува...