Луис Дијаз: Сакам да останам во Ливерпул, но имам и други понуди

Луис Дијаз за првпат отворено проговори за можноста летово да си замине од Ливерпул откако пред настапот за колумбиската репрезентација беше прашан за иднината.

Поранешниот фудбалер на Порто има уште две години од актуелниот договор со англискиот шампион, сериозен интерес за негов ангажман покажуваат Барселона и Ал Наср, а Дијаз најави дека приоритет во преговорите ќе му даде на сегашниот клуб, но без преголеми гаранции.

„Вистината е дека сум среќен во Ливерпул, одлично ме примија во клубот од првиот ден кога дојдов. Сепак, реалноста е дека имам и други понуди, разговарам со други клубови, тоа е нормална работа што се случува речиси секое лето. Имам уште две години од договорот и ќе видиме што ќе се случи. Во Ливерпул знаат што сакам, тие се на потег да решат“, изјави Дијаз.

„Црвените“ летово ќе го купат Фабијан Вирц кој најдобро делува како лево крило, позиција на која настапува и Дијаз, што ги подгреа шпекулациите дека тој би можел да си замине од „Енфилд“.

Се вчитува...