Големиот португалски талент се враќа дома

Жоао Феликс кој за 127 милиони евра се пресели од Бенфика во Атлетико Мадрид никогаш не ги исполни очекувањата. Кариерата на португалскиот репрезентативец оди во надолна линија па ќе ја спасува во клубот каде што и ја започна.

Феликс оваа сезона ја помина на позајмица во Милан од редовите на Челси, но не успеа да се наметне ниту кај „росонерите“. Италијанскиот тим нема намера да го откупи неговиот договор, а за него место нема ниту кај Англичаните па се е подготвено за враќање дома.

Бенфика во летото влегува по лоша сезона во која на болен начин го загуби финалето во Купот, а остана и без титула во последното коло од првенството па во поранешниот фудбалер гледа спас и фудбалер кој би можел да ги врати на тронот.

Се вчитува...