Дебито на Карло Анчелоти на клупата на Бразил беше скромно, без постигнат, но и без примен гол против пријатното изненадување Еквадор што наговести дека италијанскиот стратег ќе има полни раце работа да го врати претпознатливото светло на некогашниот фудбалски гигант.
А, за тоа ќе ја има помошта и од синот Давиде кој официјално и се приклучи на бразилската репрезентација како дел од стручниот штаб на неговиот татко.
Овие двајца имаат извонредна соработка во текот на целата кариера па потписот на наидува на големо изненадување. Сега 35-годишниот Давиде беше дел од стручниот штаб на Баерн Минхен во сезоната 2016/17 по што го следеше својот татко и во Наполи, Евертон и Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

