Данец седнува на клупата на Тотенхем

Тотенхем изненадно ја прекина соработката со грчкиот стратег Анже Постекоглу и покрај освоената титула во Лига Европа. Лондонскиот клуб сега е во потрага по неговиот наследник, мисија која нема да биде толку лесна со оглед на тренерските откази во последните години.

Првата мета за наследник на Гркот, Роберто Де Зерби веќе ја отфрли понудата на англискиот тим со цел да остане во Олимпик Марсеј па раководството на клубот сега го сврте погледот кон данскиот стратег Томас Франк.

Франк е добро познат во англискиот фудбал со оглед на тоа што со успех го предводи Брентфорд од 2018 година враќајќи го клубот во Премиерлигата, а потоа и задржувајќи го во елитниот фудбал на „Островот“.

Се вчитува...