Поранешниот француски репрезентативец и екс член на Манчестер Сити, Бенџамин Менди потпиша договор со полскиот прволигаш Погон.
31-годишниот Менди, беше платен 57,5 милиони евра од страна на Сити, и тоа беше најскапиот трансфер на лев бек во светот.
Кариерата му ја уништи скандалот во 2021 година, кога беше обвинет за неколку силувања. Долго ја докажуваше својата невиност, и поради тоа не играше фудбал цели две години. Следуваше голем пад, и играње во Лориен и Цирих, а сега ќе игра и во полскиот шампионат.
Менди беше светски првак со Франција, со Манчестер Сити трипати ја освои Премиерлигата, а со Монако беше победник и во Лига 1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

