Меси со гол и асистенција го поведе Интер Мајами кон победа (ВИДЕО)

Аргентинската ѕвезда Лионел Меси го постигна победничкиот гол и имаше асистенција во натпреварот против Сиетл (3:1).

На само 21 натпревар од тековното првенство на МЛС, напаѓачот на Интер Мајами постигна 20 гола и имаше 9 асистенции.

На 36 натпревари од сезоната во сите натпреварувања за клубот од Флорида, 38-годишниот Аргентинец постигна 28 гола и направи 12 асистенции.

Се вчитува...