Падна договор: Лео Меси, конечно, потпишува!

Лео Меси конечно ќе ги разреши сите дилеми околу иднината и ќе потпише нов едногодишен договор со Интер Мајами, клуб каде што аргентинскиот генијалец речиси сигурно ќе ја заврши својата кариера.

Аргентинецот повторно беше поврзуван со преселба во Саудиска Арабија од каде доби понуда за плата повисока од Кристијано Роналдо. Сепак, Меси уште еднаш покажа дека парите не му се приоритет на залезот од кариерата, давајќи приоритет на преговорите со Интер Мајами, клубот со кој актуелниот договор му истекува на крајот на оваа календарска година.

Информациите од САД говорат дека последната рунда преговори била максимално успешна и се очекува да се средат само уште неколку детали, по што новиот договор би бил потпишан најдоцна во текот на следната седмица (бидејќи најпрвин ќе мора да добие зелено светло и од раководството на МЛС-лигата).

Со тоа, Меси ќе си ја исполни желбата да биде во топ-ритам за Мундијалот што следната година ќе се одржи токму на северноамериканскиот континент, по што се очекува Лео и официјално да му каже збогум на фудбалот.

Меси има импресивна статистика во 2025 година, во која 38-годишниот Аргентинец одигра 36 средби за Интер Мајами притоа постигнувајќи 28 гола и 14 асистенции.

Се вчитува...